Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации
Општина Аеродром ги поканува граѓанските организации на јавна дебата за утврдување заеднички приоритети за создавање подобри и поинклузивни политики за сите жители на нејзината територија!
Дебатата ќе се одржи на 22 декември 2025 (понеделник) во 11 часот, во салата на Советот на Општина Аеродром и претставува еден вид подготовка за новиот повик што ќе биде објавен на почетокот на 2026 година во рамките на проектот на Општина Аеродром и Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Целта на јавната дебата е заедно да ги обликуваме приоритетите пред нивно финализирање и да обезбедиме транспарентен и инклузивен процес за идните иницијативи што ќе ја унапредат заедницата, порачуваат од општниата.
Предложени приоритетни области се: климатски промени, животна средина, социјална инклузија, вклучување на младите во локалното одлучување, унапредување и промоција на уметноста и културниот развој.
Деталите околу проектот може да се најдат на следниот линк: https://sn.rs/tsq1w