Јавен повик од Влада за замена на нееколошки системи за греење во градинки, училишта, здравствени и административни објекти
Bладата објави јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Северна Македонија.
Право на учество на јавниот повик имаат градовите/општините на територија на Република Северна Македонија, кои имаат високо ниво на аерозагадување, односно висока концентрација на РМ10 и РМ2.5, согласно податоците од мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем во Република Северна Македонија за 2018 година.
Доделувањето на опремата ќе биде во еднаков дел помеѓу Град Скопје и градовите кои имаат мерни станици согласно Државниот автоматски мониторинг систем и градовите кои не располагаат со мерни станици согласно Државниот автоматски мониторинг систем, но не повеќе од 100.000 евра во денарска противвредност.
Рокот за доставување на барањата е најдоцна до 27 мај.