Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево 


Јапонија донира повеќе од 80.000 ерва за реконструкција на училиште во Кичени, а денеска, амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево. 
 
Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште “Д-р Владимир Поледжиноски” во Кичево. Со висина од 80,593 ЕУР сменети се вратите и прозорците во училиштето, а тоалетите се обновени. Како резултат на тоа, условите за учење во ова основно училиште се значително подобрени.
 
„Веруваме дека инвестирање во образованието е инвестиција во иднината. И Јапонија е силно посветена на поддршката на економскиот и социјалниот развој на Северна Македонија, што е важно за да биде целосно интегрирана во ЕУ”, истакна амбасадорот Отцука истакна.
 
Церемонијата ја отвори градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој ги поздрави гостите и ја изрази благодарноста на општината кон јапонскиот народ. Директорот на училиштето, Горан Карафилоски, откако им ги претстави резултатите од реконструкцијата на гостите, ги доведе до главната сала каде што сите уживаа во изведбата што учениците ја подготвија за оваа прилика.
 
Преку GGP програмата Јапонија има финансирано реновирање проекти и обезбедување на опрема за повеќе од 75 училишта и градинки, 67 здравствени институции и обезбеди 31 возила за одржување и управување со отпад за 52 општини.
 
Севкупно, Јапонија ја поддржа Северна Македонија во различни сектори како што се развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, образованието, животната средина, културата, природните катастрофи, бегалската криза, како и итната помош со вкупна сума од над 8,9 милиони евра, а исто така и друга нефинансиска поддршка.