Јанкулоска засега нема да оди во затвор
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на 1 јули нема да оди во затвор на издржување на казната затвор за случајот „Тенк“. Врховниот суд и го уважил барањето да и се одложи затворската казна и решението го испратиле до Кривичниот суд.
Издржувањето на затворската казна се одлага додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.
Јанкулоска првично беше осудена на затворска казна од шест години за набавката на луксузниот „мерцедес“, а Апелацискиот суд и ја намали на четири години.