Јакимовски се пофали дека сите основни училишта во Карпош имаат фото-панели

Во сите 10 основни училишта во општина Карпош веќе се поставени фотоволтаични панели – проект кој ја позиционира општината како лидер во зелена енергија и одржлив развој. Ова не е шминка, туку вистинска работа, визија и енергија што носи резултати, вели актуелниот градоначалник и кандидат за за уште еден мандат во Карпош, Стевчо Јакимовски, од ГРОМ.
„Нашата цел е едноставна – училиштата да произведуваат повеќе струја отколку што трошат, да ја враќаат назад во системот и да станат мали енергетски центри со голема општествена улога“, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Со ова, Карпош ќе биде првата општина во Македонија што целосно ќе функционира на принципи на енергетска ефикасност и зелена трансформација.
Учениците ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а училиштата ќе се претворат во вистински симбол на одговорност и иновација.
„Додека некои велат дека ќе поставуваат панели, ние веќе ги имаме. И не само тоа – сега ги надградуваме и ги претвораме во генератори на енергија“, порача Јакимовски.