Ја одбележаа годишнината од раѓањето на Сандански, но цвеќето и по 10 дена нема кој да го тргне


Пред десетина дена, делегации од Општина Аеродром, положи свежо цвеќе пред споменикот на Јане Сандански, по повод 150 години од неговото раѓање. 
 
Но, десет дена подоцна, цвеќињата во икебаните пред споменикот се суви и изгледаат тажно.  На нив уште се читаат посветите: од Општина Аеродром, од СДСМ – Аеродром, од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, од ООУ „Лазо Ангеловиски“.  Кој е повикан да положи цвеќе, изгледа се знае, но кој е надлежен да ги отстрани – веројатно не.
 
Делегацијата на Општина Аеродром беше предводена од градоначалникот Тимчо Муцунски, а на одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, директорите и претставници од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.
 
Ја негуваме традицијата во Општина Аеродром и ги чествуваме сите истакнати дејци кои своите животи ги посветиле на Македонија“, напишаа тогаш од Општината на Фејсбук.