Ја добија тужбата: Чие е фета сирењето?


Грција формално од Европската Унија побара да започнат законски процедури против државата Данска поради присвојување на фета сирењето.
„Министерот за земјоделство ја одобри активацијата на процедурите на Европската комисија против Данска поради нарушување на прописите за ознаки на потекло на стока“, наведе Министерството за земјоделство на Грција во соопштението.
Фета е препознатлив, амблемски грчки производ, велат од министерството, додавајќи дека Данска „одбила да соработува“ по правилата на Европската Унија.
Ова им овозможи на данските производители да произведуваат „имитација на фета“ и да извезува „имитација на сирења од ЕУ“, во земји кои не се членки на Европската унија, велат во Атина.
Сирењето фета е едно од бројните јадења и пијалоци специфични за некој регион околу кој спорат европските земји, за да воспостават и задржат официјално место на потекло на производот, пишува порталот Грик репортер.
Во текот на 2005 година, Европскиот суд на правдата ја одби жалбата на Германија и на Данска, поддржана од Франција и Велика Британија, со која би било остварено правото на нивните производители да продолжат со користење на името фета за бело сирење, во саламура, а произведено во тие земји.