Изложба по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден


 

Изложба насловена „Словенија во енциклопедијата Википедија“ ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Скопје по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден.

Постановката е во организација на Словенечкиот центар – Скопје, Shared Knowledge / Споделено знаење и во соработка со НЛБ Банка Скопје и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Скопје.
 
Влезот за изложбата е слободен и може да се погледне во галеријата на НЛБ Банка во Скопје.
 

Прешернов ден е државен празник во Словенија кој се одбележува на 8 февруари, денот на смртта на словенчкиот национален поет Франце Прешерн. Овој ден е назначен како празник од 1945 година за да се подигне културната свест и самодоверба на Словенечката нација. На 7 февруари, во пресрет на празникот, се доделуваат Наградата Прешерен и Наградите на Фондот Прешерен, највисоките словенечки признанија за културни достигнувања.