Излезни анкети: Право и правда победи на изборите во Полска
Полска– Владејачката полска конзервативна партија „Право и правда” освои најмногу гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во Парлментот, покажаа излезните анкети на компанијата Ипсос.
Според резултатите од излезните анкети, партијата добила 43,6 отсто од гласовите, што значи дека ќе има 239 места во долниот дом на Парламентот, кој има 460 пратеници.
Лидерот на партијата Јарослав Качињнски предупреди дека излезните анкети не се конечни резултати, но сепак прогласи победа.
– Добивме многу, но заслужуваме повеќе, рече Качињнски.
Излезните анкети покажаа и дека центристичката проевропска група „Граѓанска коалиција“ е на второ место со освоени 27, 4 отсто од гласовите.
Најголема партија во тој сојуз е „Граѓанска платформа”, која беше на власт од 2007 до 2015 година.
Според анкетите, цензусот од пет отсто би требало да го поминат и левичарската коалиција, Полската народна партија и новиот крајно десничарски сојуз Конфедерација.
Конечните резултати се очекуваат денеска.