Изградени пристапните рампи кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето


Изградени се пристапните рампи кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето, соопштија од ЈП „Улици и патишта“.

Од таму појаснуваат дека двете пристапни рампи се поставени паралелно со скалите што водат до мостот. Првата рампа, што се наоѓа на северната страна и го поврзува кејот на река Вардар со постојниот мост е целосно изработена од челична конструкција во должина од 12 метри.
Втората рампа е на јужниот дел и го поврзува мостот Сарај со пешачката патека во самиот парк.

Пристапната рампа е изградена од бетонски дел и од челична конструкција во должина од 34 метри. Пристапната рампа е проектирана и изведена според сите стандарди и нормативи за проектирање на овој вид рампи.

На двете пристапни рампи се поставени заштитни огради во должина во 155 метри.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на градежните работи ги санираа и оштетувањата на скалилата на мостот и ја санираа оградата на целиот мост.

Пристапните рампи ќе им овозможат полесен пристап до мостот во Сарај на лицата коишто имаат потешкотии во движењето, на родителите со мали деца, повозрасните граѓани, како и велосипедистите и на сите коишто се рекреираат во тој дел од градот, се вели во соопштението до медиумите.