Изграден паркинг простор на местото на старата полициска станица во Ѓорче Петров


На место на поранешната полициска станица која беше срушена пред неполна година, општина Ѓорче Петров изведе нов паркинг простор со 46 паркинг места.

Од нив, 42 места се наменети за моторни возила, едно паркинг место за возило на лица со попреченост и три паркинг места за мотоцикли. Изведена е атмосферска канализација и поставено е соодветно осветлување со што е зголемена безбедноста на граѓаните и намален ризикот од кражби.

Изградбата на паркингот е по барање на околните станари кои со неговата изведба добиваат соодветно место за своите возила а истовремено и зголемена безбедноста во сообраќајот.

За три години во централниот дел на Ѓорче Петров изведени се пет паркинг простори со капацитет за околу 200 возила, со што се решава проблемот со паркирање во општината.

Обезбедувањето на соодветен паркинг простор е од исклучително значење за непречено функционирање на сообраќајниот систем во општината.