Изгоре тезга за книги на кејот во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Монтажен објект за продажба на книги изгоре синоќа на кејот во центарот на Скопје.

„На 12.09.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Кеј „13 Ноември“ во Скопје настанал пожар на монтажен објект за продажба на книги, сопственост на Ж.М.(46) од Скопје“, соопштуваат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е и увид.