Изгоре сендвичарница во Охрид


Седвинчарницата „Вили” во Охрид која се наоѓа во близина на Маларична болница изгоре во целост. Настанот се случи попладнево, јавива Скопје1.

Пожарникарите се обидоа да ја спасат, но не успеаа бидејќи огнот брзо се проширил.

Засега нема информации како настанал пожарот и дали има повредени.

Екипи на Територијалната противпожарна единица интервенираат на лице место, но објектот е целосно уништен од интензивниот пламен.

Среќна околност во целата ситуација е што во непосредна близина на изгорената пластична барака нема други објекти па така е избегната поголема штета.