Изгоре единственото противпожарно возило во Пехчево


Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, објави дека единственото противпожарно возило со кое располага ДПД Пехчево изгорело во големиот пожар што беснее во Пехчевско. Михаилов објави и видео од местото на настанот.

„Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат! Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево! Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници.

За жал денес ни се случи и голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи“, стои во објавата на Facebook.