Изгоре џип во близина на детска градинка во Кисела Вода


 

Ноќеска, во близина на Шампионче, веднаш до градинката Весели цветови – објект Мимоза, било опожарено уште едно возило – џип Ренџ Ровер, со словачки регистарски таблички.

Според жителите, вистинска паника се создала, бидејќи возилото било паркирано веднаш до/под самата зграда, а пламенот зафатил и надворешен дел од зградата.

Станарите испаничени со ќебиња излегувале од домовите од страв пожарот да не ја зафати и зградата.

-Се се случи околу три часот наутро. Одеднаш се слушна пукотница, најверојатно предизвикана од пожарот по што се виде чад и пламен. Веднаш со сопругот и децата излеговме надвор, а многу кратко потоа дојде и полиција која ја евакуираше целата зграда- вели  жителка на зградата.

Ова е трето возило кое од нејасни причини изгоре за два дена, по џипот во Аеродром и автомобилот  до зелено пазарче. 

Целиот текст на фактор.мк.