Избрани 19 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Симона Јованоска (претседател), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.
Жири-комисијата , во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) , констатира дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разноликост.
Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март.
Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.
Список на 19 романи во првата селекција за наградата на „Роман на годината“ за 2022
-
- „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
- „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
- „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“
- „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание
- „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“
- „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
- „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“
- „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“
- „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
- „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
- „Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“
- „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
- „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
- „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
- „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
- „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“
- „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“
- „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
- „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“