Изборната кампања почна да личи на црна хроника


Изборната кампања почна да заличува на црна хроника. Освен обвинувањата за злоупотреби, се појавија и површни и недокажани обвинувањата за насилство,  притисоци, па и тепања и нарачки за убиства!  

Од СДСМ денес обвинија дека сопартијците на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов,додека оделе во кампања од врата на врата, се обиделе да ги попречат а потоа и физички ги нападнале.    

-Во еден момент кога бевме во маалото каде што ги вршевме активностите врата до врата влегоа кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Славе Андонов, и неговиот сопартијец Ацо Василевски кои  првично со вербални напади сакаа да не исфрлат од дворот каде што бевме и разговаравме со граѓаните. Кога сакавме да пријавиме во полиција во еден момент Ацо Василевски ја нападна со тупаници Верче …Насилство врз жена е кривично дело, насилството врз било кој граѓанин е кривично дело и токму затоа го пријавивме овој настан за да престанат насилствата и за да научат граѓаните дека демократијата што ја нуди СДСМ е опција за мир и спокој во државата наспорти насилство, уцени и потценување на граѓаните, порачаа од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак упатија јавно прашање до кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, Христо Кондовски, „дали е извршите на две кривични дела, од кои  едното е  тешка кражба со провала и тешка телесна повреда на друго лице?“

-Битолчани не ги интересира дали за делата настапила законска рехабилитација, битолчани сакаат да знаат дали кандидатот за градоначалник Христо Кондовски извршил тешка кражба со провала и дали нападнал друго лице со нанесување на тешки телесни повреди? Да повториме, на само неколку дена пред избори, битолчани имаат право од негова уста да чујат дали во 2003 та година Христо Кондовски провалил во еден познат битолски дуќан односно прибавил имотна корист за себе? Дали во 2009 та година нападнал човек и му нанел тешки телесни повреди? Христо Кондовски треба да одговори дали овие настани се случиле, дали има полициско досие и дали е сторител на кривичните дела тешка кражба и тешка телесна повреда? Христо Кондовски треба да одговори дали има полициско досие и како таков ја бара довербата на битолчани за градски татко?- повикаа од ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходно од оваа партија објавија и листа од над дваесет лица за кои тврдат дека се полицајци кои, место да го бранат законот, „убивале, казнувале и малтретирале неистомисленици“ по барање на Оливер Спасовски и Зоран Заев, без да се прецизира кои се нивните наводни жрви и без да објаснат зошто никој досега не слушнал воопшто за вакви случаи.  

-Ова се дел од лицата за кои имаме информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување. Сите до еден се вработени во МВР.И сите до еден одработувале за Заев и Спасовски, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ наведувајќи дваесетина имиња од кои некои без презимиња.