Изборен земјотрес во Тунис


Тунис – Делумните резултати од изборите покажуваат дека двајца политички аутсајдери водат во трката да станат претседател на Тунис во понеделникот, откако излезните анкети покажаа дека одат во вториот круг од изборите следниот месец, што може да стави крај на досегашната политика во северноафриканската земја.

Со преброени 27 отсто од гласовите, независната изборна комисија соопшти дека конзервативниот професор по право Каис Саед и притворениот медиумски магнат Набил Каруи, водат пред умерениот исламистички кандидат.

Ако нивното водство се одржи, тоа би претставувало земјотрес во туниската политика и силно отфрлање на повеќето влади кои се бореа да го подобрат животниот стандард и да стават крај на корупцијата.

Каруи со години ја користи својата телевизиска станица Несма и добротворната организација што ја основа откако почина неговиот син за да се претстави себеси како шампион на сиромашните, додека неговите критичари го опишуваат како амбициозен, бескрупулозен, популист.

Тој ги негира сите тврдења за криминали, вклучително и стара даночна евазија и обвиненија за перење пари за кои беше притворен кон крајот на минатиот месец и го помина денот на изборите во затвор нарекувајќи го тоа недемократски заговор.

Неговото богатство и масовната изборна организација се во спротивност со Саед, кој потроши толку малку на својата кампања што Тунижаните се шегуваат дека та не чинела повеќе од кафе и кутија цигари.

Саид, кој секогаш зборува како да е на состанок на факултет со дидактички, ултраточен формален арапски, вози стар автомобил и сака да остане во својата скромна куќа ако биде избран наместо да се пресели во луксузната претседателска палата во Картагина.

Главниот фокус на Саед, социјален конзервативец кој поддржува обнова на смртната казна и отфрла еднакво наследство за мажи и жени, е децентрализацијата во земја во која традиционално доминираат политичарите од главниот град.

Според пребројаните гласови, Саед имаше 19 отсто, Каруи беше на второто место со 15, а зад нив беше умерениот кандидат на исламистичката партија на партијата Енахда, Абдулфтах Муру со 13 отсто.

Саед во неделата го опиша неговото раководство „како нова револуција“ во радиоинтервју, со упатувања на бунтот во Тунис во 2011 година, кој донесе демократија и ги поттикна протестите на Арапската пролет насекаде во арапскиот свет.

Премиерот на Тунис, двајца поранешни премиери, министерот за одбрана и поранешен претседател беа меѓу политичките тешкаши, заедно со Муру на Енахда.

„Ние ја добивме пораката испратена од тунискиот народ“, рече премиерот Јосеф Чаед доцна во неделата, признавајќи го поразот.

Забранета пред револуцијата и некогаш гледана како главна антиестаблишментска сила во Тунис, Енахда беше голем играч во успешните коалициски влади фатени меѓу јавната желба за поголемо трошење и потребата за намалување на долговите.

Изборите за парламентот – кој има повеќе моќ од претседателот – доаѓаат на 6 октомври и официјален претставник на Енахда рече дека партијата сега е фокусирана на ова и сè уште е посветена на споделување на власта со другите поголеми партии.

Со низок одѕив од 45 отсто – што е намалување од 63 отсто во 2014 година – резултатот ја подвлече распространетата фрустрација за слабата економија, високата невработеност, лошите јавни услуги и постојаната корупција.

Каруи, во пораката што ја прочита неговата сопруга откако беа објавени излезните анкети, рече дека тоа е порака до политичката елита и ја обвини за користење на судскиот процес во обидот да го замолчи.

Ако резултатите се потврдат и тој влезе во вториот круг, тоа може да предизвика уставна главоболка за владејачките институции во Тунис. Изборната комисија соопшти дека може да остане во трката сè додека не биде осуден.

Во меѓувреме, судовите донесоа одлука дека тој мора да остане во притвор додека се соочува со обвиненија, и покрај поплаките од набљудувачите на изборите дека со тоа се нарушуваат неговите шанси. Неговите противници велат дека со неговата употреба на неговата нелиценцирана телевизиска станица самиот треба да се дисквалификува.

Исто така, не е јасно дали тој законски би станал претседател, доколку не е во можност да присуствува на заклетва на церемонија додека е во затворили дали претседателскиот имунитет од гонење би се применувал во постоечки случај. (Ројтерс)