Изабел Ипер во Кан во смел дизајн од коњски влакна на Баленсијага


Изабел Ипер, 72, ги воодушеви обожавателите во светл0-зелена тоалета со реси на 78-от годишен Кански филмски фестивал кој е во тек.

Иконската француска актерка, позната по наградуваните филмови „Ел“ и „Учителката по пијано“, прошета по црвениот тепих носејќи смел дизајн од коњски влакна на Баленсијага. Ипер е глобален амбасадор на луксузната модна линија.

Ипер беше присутна на премиерата на филмот „Феникиската шема“ на Вес Андерсон, кој дебитираше на фестивалот.

Во комбинација со нејзината зелена тоалета, Ипер носеше накит, кој вклучуваше обетки, сребрена огрлица и впечатлив прстен, од јужноафриканско-британскиот бренд за дијаманти „Де Бирс“. Нејзината кратка костенлива коса и шминка во облик на чадени очи совршено го надополнуваа изгледот.

Сета пофалба за нејзиниот стилист, Џонатан Игет!

Иако Ипер не е во најновата продукција на Андерсон, таа соработуваше со режисерот во минатото на филмот од 2009 година „Фантастичен г-дин Фокс“, каде што го позајми гласот на ликот Грета Гуската.

Ипер, која беше рангирана на второто место на листата на „Њујорк тајмс“ за најдобри актери на 21 век, освои БАФТА, Златен глобус, пет награди „Лимиер“, како и повеќе награди „Цезар“ и победи на филмските фестивали во Кан и Венеција. Таа е најноминираната актерка за наградите „Цезар“. (AП)