Ивановска за Гаши: Очигледна е злоупотребата на функцијата
„Секој политички субјект има демократско право да си гради идентитет врз основа на сопствените уверувања. Не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност“, порачуваат од Вреди практично сугерирајќи јавно дека тоа што се коалициони партнери значи дека треба да затвораат очи пред нерегуларности. .
„Како Влада имаме утврдени и усогласени програмски приоритети и наша должност е посветено да работиме на нивно исполнување. Во тој контекст апелираме ЗНАМ несвесно да не му тера ќеифови на ДУИ. Нивното криминално раководство посакува тензии на сите полиња. За да се спасат од кривична одговорност за сторената политичка корупција и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот сонуваат и за потреси во владејачката коалиција“, тврдат од Вреди иако нема никаква видлива поврзаност межу свадбата на Гаши и албанската опозиција.
Вреди отидоа понатаму во „карањето“ на ЗНАМ и порачаа дека како коалиција со 107 илјади албански гласови не можат „етнички да се обезличуваат“ за да движењето ЗНАМ удобно да се чувствува во Владата. Каква врска има етничкото обезличување со одење на свадба со службени возила, треба дополнително да објаснат. Тие дури го нарекоа популизам со краток здив реагирањето на Максим Димитриевски, правдајќи се натаму со празни популистички фрази без да дадат одговор на главното – како си дозволил Гаши да оди со цело семејство и три полициски коли на трошок на државата на свадба во Косово.
„Парламентарното мнозинство се состои од две коалиции и едно движење како што е ЗНАМ. Тезата дека тие се партнери само на ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам со краток sдив. Во секоја медиумски настап логично е ЗНАМ јасно да се декларира како владин партнер, без да дозволи комплексот од ДУИ во времето на владеењето со СДСМ да му ја замаглува политичката диоптрија и да ги усложнува односите во Владата за ситни политички поени. ВЛЕН е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараа опција сосема спротивна од ДУИ. ВЛЕН ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Коалицијата ВЛЕН е искрено и чесно посветена на децентрализацијата, динамизирањето на ЕУ перспективите и продолжување на својата работа за справување со криминалот и корупцијата, стои во нивната реакција од денес. (Н.В.)