Италијански научник тврди дека пандемијата ќе заврши на пролет

Пандемијата со Ковид-19 ќе престане во периодот април – мај следната година, тврди италијанскиот научник од Универзитетот во Неапол, професор Франческо Санино.

Тој раководи со група научници и истражувачи, кои претходно, со помош на математички метод, прогнозираа дека вториот бран на пандемијата ќе биде помеѓу октомври и ноември.

– Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме Владата да ги земе предвид резултатите до кои дојдовме и и да преземе соодветни мерки на време, но за жал тоа не се случи, истакна професот Сонино.

Тој тврди дека сега сме на почетокот од вториот бран на пандемијата со Ковид-19 и оти ефикасноста на преземените мерки ќе дадат резултати за неколку недели.

Според проценките објавени во научното списание „Сајантифик рипорт“ во Италија би можело осум милиони луѓе да се заразат со новиот корона вирус.