Италијанецот Џејкобс е најбрз човек на планетата


 

Во најатрактивната атлетска исциплина на Олимписките игри во Токио победи Италијанецот Ламонт Џејкобс.

Тој во спринтерската трка на 100 метри славеше со резултат, 9,80 секунди. Воедно, ова е и европски рекорд, кој претходно самиот го постигна и во полуфиналната трка кога истрча за 9,84 секунди.

Втор низ целта помина Американсецот Фред Крели, со време 9,84, а бронзата му припадна на Канаѓанецот Андре де Грас, кој цената линија ја помина за 9,89 секунди.

Во првиот обид за почеток на трката Британецот доби црвен картон затоа што тргна пред означувањето на стартот.