Италија планира да ги откаже летовите од Велика Британија
Италија планира да ги прекине летовите од и кон Велика Британија поради стравот од новиот вид на коронавирусот што е откриен на островот, напиша шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо на својот профил на Фејсбук.
Британскиот премиер Борис Џонсон и експертите вчера соопштија дека во земјата е идентификуван нов вид на коронавирус што е за 70 отсто позаразен од оригиналната верзија, јавија британските медиуми.
„Како влада имаме должност да ги заштитиме Италијанците, и од тие причини, откако ја известивме британската Влада, заедно со Министерството за здравство се подготвуваме да потпишеме указ за прекин на летовите од и кон Велика Британија“, напиша Ди Мајо.
„Наш приоритет е да ја заштитиме Италија и нашите сонародници“, додаде шефот на италијанската дипломатија.