Италија не ја потпиша декларацијата за осуда на американските санкции кон Меѓународниот кривичен суд
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/megjunaroden-krivicen-sud.jpg)
Италија не ја потпишала заедничка декларација на земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во која се критикува одлуката на САД за воведување санкции кон судот, јави Анса.
Меѓу 97-те земји-членки кои ја потпишаа декларацијата се Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија.
Во декларацијата се наведува дека санкциите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп „сериозно би ги загрозиле сите случаи кои моментално се под истрага, бидејќи МКС можеби ќе мора да ги затвори своите теренски канцеларии“.