Италија ги укинува ковид мерките- Наскоро без пропусници и карантин

На туристите треба да им се дозволи влез во земјава без никакви проблеми кон средината на април.
Италијанската влада одлучи да укине некои од мерките, како што се карантинот, зелените пропусници и да дозволи влез на странски туристи во земјата кон средината на април. Споменатиот датум е 17 април, токму кога паѓа католички Божиќ.Се чини дека владата донела одлука да ја закрепне својата економија, а особено туризмот, пишува весникот „Кориере дела сера“.
Најавено е дека доколку продолжи да се намалува бројот на заразени, за четириесет дена официјално ќе бидат укинати сите мерки за борба против Ковид-19, а се наведува дека Владата ја донела оваа одлука со цел да се опорави туризмот и економијата.
Карантин
По укинувањето на задолжителните тестови за оние кои доаѓаат од ЕУ, италијанската влада сака да им го олесни влезот на оние кои доаѓаат од други земји. Затоа, тестирањето и карантинот нема да бидат задолжителни за странските државјани, освен ако не доаѓаат од земји каде стапката на зараза е исклучително висока.
Министерот Масимо Гараваља врши притисок врз владата да „побрза“ и ја нагласува потребата „да не заостанува зад конкурентните земји како Франција и Шпанија, кои веќе имаат утврдено датуми за укинување на ограничувањата“. Патот ќе биде постепен, но целта е што повеќе да се фаворизира доаѓањето на странците.
На 31 март истекува обврската за поседување карта за Ковид за патување со воз, авион, брод и локален јавен превоз. Одлуката за тоа треба да биде објавена во наредните денови.
Ковид пропусници во ресторани
Од 1 април треба да се укинат зелените пропусници за рестораните и кафулињата на отворено, а можно е оваа обврска за внатрешните простори да се укине во мај.