Истокот на Франција погоден од земјотрес од 4 степени – предизвикан од геотермална централа


 

Поширокото подрачје на Стразбур на истокот на Франција, утрово го разбуди земјотрес со магнитуда од 4 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот, што се случил околу 5 часот, бил на 6 км северозападно од Стразбур, а тресењето се почувствувало до Општината Брумат. Се почувствувале тресења и во југозападна Германија и на северот на Швајцарија.

Втор потрес е забележан пет минути подоцна, со послаб интензитет односно, само 2 степени, во близина на градот Ла Ванцена.

Пожарникарите не примиле повици во врска со можна штета, јави News.in.

Потресот е предизвикан од човечки фактор?

Според Renasu, француска национална мрежа за следење на сеизмички активности, двата потреса од устрово се последица на вбризгување вода под висок притисок во тлото што го спроведува комапнијата „Форноше геотермале“. Специјализирана е за изградба на електрани кои користат обновливи извори на енергија, како геотермални извори.

Северот на метрополитенското подрачје на Стразбур погоден е повече од десет потреси од октомври 2020. Секој пат до сега биле предизвикани од тестовите на оваа комапнија. Најголемиот досега забележан земјотрес бил 3,5 степени а се случил на 4 јануари 2020 година.