Испукани седум куршуми во Синѓелиќ- едно лице е тешко повредено
Едно лице завршило во Кличнички центар во пукањето што вечерва се случи во Скопје.
Според првичните неофицијални информации, пукањето било во Сингелиќ. Пукано било во возило во движење во кое имало две лица.
Мета било лице со иницијали Н.А. Пукањето се случило кај местото викано „Агросервис“.
На лице место се пронајдени седум чаури.
„На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило ,,пасат” со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар“, информираат од МВР.