Искуствата од досегашното петгодишно спроведување на програмата Гаранција за млади (во живо)


– Споделување искуствата, добри практики и предизвици во досегашното петгодишно спроведување на програмата Гаранција за млади во Северна Македонија. На настанот ќе бидат презентирани и искуствата од неколку земји во ЕУ за начинот на функционирање на нивните системи за идентификација, вклучување и индивидуална поддршка на младите луѓе кои предвремено го напуштиле образованието, се исклучени од пазарот на труд или не се опфатени со програмите за обуки.