Искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско


 

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. СДСМ вели дека овој вандалски чин го покажувал стравот на власта од изборен пораз во Градско.

„Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни.

Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти.

Бараме МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.