Исчистена обемна депонија кај комплексот факултети


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и во текот на денешниот ден ја спроведува акцијата за генерално чистење на поширокото централно градско подрачје.

Екипите на претпријатието вршат рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“ и „Никола Карев“, како и на кејот „Димитар Влахов“.

Во рамките на акцијата досега беа подигнати приближно 150 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана во близина на комплексот факултети при Универзитетот „Кирил и Методиј“.