Исчистена е дивата депонија на местото на старата градинка во Дексион


Исчистена е и дивата депонија на местото на старата градинка во Дексион скопската општина Ѓорче Петров. Исфрлени се три камиони со кабаст отпад од различен карактер.

– Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница, порача првиот човек на општината Александар Стојкоски.