ИРЛ: Мијалков станал шофер во затворот Струга


Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор, но Управата за извршување на санкции одбива да каже какви се неговите специфични задачи и дали и колку е ангажиран надвор од затворот, пишува ИРЛ.

Затворските казни за поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, бизнисмените Јордан Камчев и Зоран Милевски Кичеец на јавноста и беа претставени како триумф на правдата, иако казните беа ниски и не ги опфатија сите нивни дела. Обвинителството дури и се спогодуваше за пари наместо затвор со луѓето кои што го оштетија државниот буџет. Првиот сигнал дека казната затвор не е иста за обичен смртник и богат и моќен човек, беше привилегијата која ја добија да бираат каде ќе ја одлежат. Сите го одбраа затворот во Струга, во кој добија статус на слободни затвореници. Од елитното друштво таму остана уште Мијалков, кој според управата на затворот е работно ангажиран како “возач за потребите на затворот”.

Во Скопје со бодигарди, во Струга возач во затвор

Веќе 11 месеци поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е затвореник во Струга. Тој лани во август почна да ја издржува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“. Сашо Мијалков одлучил да не се вработи, но изразил желба да помага во секојдневните работни активности на затворот на позиција возач.

„Сашо Мијалков сè уште ја издржува казната затвор во наведената установа, но истиот не е работно ангажиран надвор од установата, туку е ангажиран од страна на казнено – поправната установа за свои потреби како возач, работна задача која и во други казнен-поправни установи зависно од потребите, може да биде доделена на осудени лица кои имаат отворен третман во процесот на ресоцијализација“, одговорија за ИРЛ од Управата за извршување на санкции.

Целиот текст ТУКА