Иран: Убиството на Ал Багдади не е некоја голема работа


Иранскиот министер за информатичка и комуникациска технологија Мохамед Џавад Азари Џароми изјави денеска дека убиството на водачот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади не е голема работа.

„Не е голема работа! Ја убивте својата креација“, напиша тој на Твитер како одговор на соопштението на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ал Багдади е убиен.

Иран честопати ги обвинуваше САД дека ја создале групата Исламска држава без да понудат докази за тоа.