Интерес за книги: Замисли едно поинакво Скопје (галерија)
Замисли еден поинаков поглед- е мотото на годинашниот Саем на книги, (поддржан од Министерството за култура) прв пат на отворено заради коронавирусот, на помал простор и без големи попусти. Замислете поинакво Скопје, по многу години, да се чека ред за влезница кај „Борис Трајковски“, не за концерт туку за книга.
Љубителите на пишаниот збор избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература,стручна, научна и белетристичка литература,книги за млади и деца. Да проследат понекоја промоција, да се видат со пријатели по долго време, да промуабетат на кого карантинот му оставил трага, кој има бел тен и останал во Скопје, а кој шета низ Македонија и во соседството за бронзен тен.