Интерактивна мапа: Проверете кои улици ќе бидат затворени утре поради посетата на папата


Од МВР повикаа граѓаните да имаат трпение со оглед на тоа дека улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени за сообраќај како и да се почитуваат наредбите на полициските службеници.

Интерактивната мапа може да ја погледнете на следниов линк.

Во појасот Голем ринг во текот на утрешниот ден од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на други улици. Рестриктивна зона каде нема да биде дозволено движење со автомобили почнува од улицата „11 октомври“ од раскрсницата со улицата „Кочо Рацин“ до раскрсницата со улицата „Димитрије Чуповски“, забрана за возила исто така ќе има и на улиците „Даме Груев“, „Македонија“, „Васил Главинов“, „Св Климент Охридски“ и „Илко војвода“. Булеварот „Мајка Тереза“ кај клиничкиот центар исто така ќе биде забранет за возила од 8 и 15 до 10 и 15 и во попладневните часови. Сообраќајот ќе се одвива по споредни улици.

Непречено движење на сообраќајот ќе има на улиците „Кочо Рацин“, „11 октомври“ до „Борис Трајковски“, „Св Кирил и Методиј“, булеварот „Партизански одреди“, улица „Самоилова“ и ул.„Гоце Делчев“.

Од 7 30 до 9 часот ќе биде затворен за сообраќај во двете ленти и патот од Меѓународниот аеродром Скопје до влезот на градот додека пак сообраќајот на автопатот Велес-Скопје ќе се одвива преку Миладиновци Идризово.