Инспекторатот на Град Скопје изврши 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатиов период извршија 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси. Притоа, изречен е еден прекршочен платен налог на станица за технички преглед.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини.