Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“
„Шведска беше една од првите земји во светот што зазеде поинаков пристап во борбата против чадот од тутун – и се покажа дека тој пристап беше вистински, бидејќи земјата е на пат да стане првата непушачка земја во Европа“, рече Патрик Хилдингсон, потпретседател за комуникации и корпоративни работи на Swedish Match, најголемиот светски производител на орални никотински производи, на конференцијата „ReThink: Learning from Sweden“ организирана од Филип Морис во Белград.
„Во 70-тите години во Шведска почнавме да се враќаме на нашата традиција – оралните никотински производи како снус, а подоцна и никотинските кесички. Ова ни помогна да ја намалиме стапката на пушење на околу 5%, што е најниска стапка во Европа. Што е уште поважно, имаме далеку најниска стапка на инциденца на болести поврзани со пушењето, вклучително и орален карцином и рак на белите дробови“, додаде Хилдингсон, нагласувајќи ја важноста на алтернативните производи во борбата против пушењето.
Примерот на Шведска не само што е исклучок туку и инспирација за другите земји кои се соочуваат со предизвици во борбата против пушењето. Токму ова беше главната порака на Томазо Ди Џовани, потпретседател за меѓународни комуникации на Филип Морис Интернешнл (ФМИ).
„Со цел оваа практика да има силно позитивно влијание врз глобалното јавно здравје, потребни се иновативни политики, кои ги поттикнуваат пушачите кои не сакаат да се откажат од никотинот да се префрлат на подобри алтернативи на цигарите, а компаниите да инвестираат во понатамошен развој на овие производи“, рече Ди Џовани кој посочи дека индустријата е таму да иницира промени, но сите други заинтересирани актери треба тоа да го следат – регулаторите, здравствените и невладините организации, научната заедница.
Ди Џовани наведе и примери на земји како Јапонија, Нов Зеланд и Шведска, кои во период од осум години го преполовиле бројот на пушачи. „На примерот на овие земји се покажа дека традиционалните мерки во борбата против чадот од тутун врз основа на забраните не се толку ефикасни, туку дека примената на принципот за намалување на штети, кој се заснова на прифаќање на научно докажано помалку штетни алтернативи, доведе до значително намалување на бројот на пушачи“, додаде тој.
Говорниците ја истакнаа и важноста од сертификација на производи со намален ризик од светски познати здравствени институции. Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го авторизираше во 2019 година, врз основа на бројни научни студии, а оваа година ја потврди авторизацијата на тврдењето дека со користење на водечкиот бренд снус произведен од Swedish Match наместо цигари, корисниците се изложуваат на понизок ризик од голем број на болести поврзани со пушењето. ФДА ја донесе оваа одлука врз основа на нејзиниот принцип дека информирањето на потрошувачите за достапноста на овој производ достапен на пазарот е во согласност со промоцијата на јавното здравје.
Со купувањето на Swedish Match, компанијата Филип Морис го прошири своето портфолио и на оваа категорија производи, фокусирајќи се првенствено на никотинските кесички, со цел да им понуди на возрасните пушачи замена за, до пред 10 години својот главен производ – цигарите.
Токму ова е начинот на кој компанијата ќе остане актуелна во ултра турбулентно време, изјави светски познатиот футуролог од Шведска, Магнус Линдквист, нагласувајќи дека иновативноста е факторот Х кој ја менува иднината и го отежнува предвидувањето.
„Ништо големо нема да се случи ако не се раздвижите и не ризикувате“. Откријте конкретни и интересни ситуации кои можете да ги промените. Барајте решенија за тековните проблеми, бидете релевантни, не совршени“, рече Линдквист.