Иницијативата О2 испорача барања за усогласување на ГУП и ДУП до Советот на Скопје
Иницијативата О2 уште вчера ги испорача првите барања до градските советници, со кои се бара да се усогласат ДУП и ГУП.
Невладината организација бара од сите 45 советници на град Скопје уште на првата седница да побараат:
– Најитно да се тргне член 37 од текстот на ГУП на Град Скопје 2012-2022, со што ќе се тргне можноста за линиските центри кои се исклучени од сите параметри на ГУПот за градските четврти во кои се изградени и со кои се нанесе голема штета во планирањето и живеењето во градов (линиски центри се огромните згради покрај главните градски улици, како Настел во Тафталиџе, планираните кули кај Холидеј Ин..),
– Поради бројните донесени ДУПови во општините на град Скопје неусогласени со параметрите на ГУП на град Скопје, да се изврши ревизија на дадените и недадените мислења во пропишаниот рок (кои се сметаат за дадено позитивно мислење) на град Скопје во врска со предлог деталните урбанистички планови на општините во Градот Скопје, согласно законската обврска и утврдување дали е дадено мислење за неусогласеноста на ДУПот со параметрите на ГУПот и барање да се усогласи. Како резултат на ревизијата бараме соодветна одговорност од лицата кои не постапувале согласно законската обврска.