Иницијатива „Скопје од иднината“ за промена во главниот град


Фото: Б. Грданоски

Иницијативата „Future Skopje“ или „Скопје од иднината“ има за цел урбана трансформација на Скопје и ги повикува сите жители, без разлика на нивната возраст, потекло, професија или интереси, сите оние кои работат во Скопје или пак редовно го посетуваат да ги споделат своите желби, потреби и визии за иднината на градот.

Со пополнување на анонимниот прашалник на https://skopjelab.typeform.com/to/xugHXbEk, секој може да ги сподели своите идеи, предлози, проекти, цртежи и желби за тоа како треба да изгледа Скопје, кога тој би бил најдобото место за живеење, работа и посета во регионот.

Дополнително, секој може да ја сподели својата визија на профилите на „Future Skopje“ на социјалните медиуми: Facebook: https://www.facebook.com/futureskopje Instagram: https://www.instagram.com/futureskopje/

Граѓаните можат да праќаат своите предлози и идеи на е-меил адресата: [email protected]

-Со пополнување на овој прашалник секој може да сподели идеја која може да има значително влијание во процесот на урбана трансформација на Скопје. Преку прибирање на визиите на жителите на градот и нивна документација, ќе се изврши приоретизација на најкритичните области каде е потребна акција и врз основа на прибраните изјави од граѓаните, ќе бидат изработени конкретни планови и проекти за трансофрмација на урбаната средина во поотпорно, поздраво и одржливо Скопје, се вели во соопштението од „Future Skopje“.

На локално ниво, „Future Skopje“ иницијативата е предводена од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации – Скопје, по повод проектните активности во рамки на проектот „Градови на иднината во Југоисточна Европа“, чија имплементација е започната во август 2019 година од страна на СмартАп во соработка со Град Скопје. Проектот „Градови на иднината во Југоисточна Европа“ е под водство на EIT Climate-KIC (https://www.climate-kic.org/)