Индустриското производство во август помало за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани, голем пад кај Енергијата

Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2,2 отсто во однос на периодот јануари – август 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Во август годинава, пак, споредено со истиот месец лани, е намалено за 3,5 отсто. Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 26,8 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23,7 отсто, Капитални производи за 12,0 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 9,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,8 отсто.