Индискиот сој брзо се шири и во Португалија – се враќаат построги мерки


 

Повеќе од 70 отсто од случаите на зараза со корона вирусот во Лисабон, Португалија, предизвикани се од делта сојот кој е позаразен и брзо се шири во другите делови од земјата, додека властите се обидуваат да го сопрат загрижувачкиот пораст на бројот на снови случаи, објавено е во најновиот извештај.

Националниот институт за задравје „Рикардо Хорхе“, наведува дека делта сојот, пор пат откриен во Индија, е причина за заразите во 51 отсто од случаите на копнениот дел од Португалија, што покажува дека тој сој на вирусот брзо се шири, како што беше случај и во Велика Британија.

Најголем пораст од февруари

Во петокот забележани се 1.604 нови случаи со корона вирус, што е најголем пораст од 19 февруари кога во таа земја со повеќе од 10 милиони жители, се уште важеше локдаунот. Португалија, досега забележа 871.483 случаи на заразени, а од почетокот на пандемијата во таа земја од Ковид-19 починаа 17.081 лица.

Иако, повеќето нови случаи уште се концентитрани во густо населениот Лисабонски регион, најголем репродукциски број 1.34, има јужниот португалски регион Алгарве, позната по плажите и голф-терените стои во извештајот на институтот.

Ги заострија мерките

Порастот на бројот нови случаи со корона вирус се случи, откако Португалија, чие стопанство зависи од туризам, кон средината на мај ги отвори своите граници за граѓаните на ЕУ и Велика Британија. Така, на почетокот на новата туристичка сезона, повторно ги покрена повеќето бизниси, а плажите се преполни.

Но, Португалија од четврокот одлучи во Лисабон и познаиот туристички град Албуфеира, особено популарен меѓу Британците, во текот на викендот, рестораните да работат скратено.

И Велика Британија на почетокот на мај ја тргна Португалија од листата земји за кои не е потребен карантин, а Германија во четвртокот ја прогласи Португалија за „зона на варијанти на вирусот“. Оваа мерка подразбира строги ограничувања за патувања во земјата на која се однесува, или од неа.

Расте и бројот на хоспитализирани

Во Португалија, исто така, порасна бројот на луѓе во болница кои се лекуваат од Ковид-19. Во моментот има 71 ковид-пациенти на интензивна во Лисабон, што е 86 отсто од вкупниот број кревети наменети за лекување на заразени со корона вирус. Инаку, во Португалија состојбата со корона вирусот беше најлоша во јануари, годинава.

За да се избори со наглиот пораст на новозаболени, Португалија го забрза вакцинирањето на помладите лица. Досега во земјата потполно се вакцинирани 30 отсто од населението.