Индира Кастратовиќ влегува во Куќата на славните на ЕХФ
Поранешната македонска ракометна репрезентативка Индира Кастратовиќ, доби место во Куќата на славните, како второ ракометно име од Македонија, по Кирил Лазаров. Влезот во елитното друштво официјално ќе се случи на 14 декември, во пресрет на финалето од Европското првенство за жени на кое учествуваше и Македонија.
Во Куќата на славните ќе влезат 7 ракометарки и 14 ракометари, кои ќе им се приклучат на повеќе од 50 легенди кои беа први примени во јуни минатата година.
Уште две познати имиња кои станаа европски прваци со македонски клубови се најдоа на списокот. Тоа се романската голманка Луминица Дину, која со Индира се искачија на европскиот тронот во 2002 година, како и Иван Чупиќ.
Од останатите, има уште ред други звучни имиња како Ања Андерсен, Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Игор Вори…
Индира Кастровиќ е синоним за женски ракомет во Македонија, која доминираше со Кометал Ѓорче Петров со 12 титули и 12 Купови и тоа сите по ред во периодот 1995-2006.