Индија ја одобри руската вакцина „спутник V“


 

Индија ја одобри руската вакцина „спутник V“ против Ковид-19, објави голема локална фирма во таа земја со 1,3 милијарди жители, која повторно има најголем број новозаразени во светот.

„Среќни сме што добивме одобрени за употреба на „спутник V“ во Индија“, рече Г.В.Прасад, генерален директор на компанијата „Др. Реди Лабораторис“, во соопштението кое го пренесува француската агенција Франс прес.

Индија потврди нови 161.736 заразени со корона вирус, што е повторно највисок дневен рекорд во земјата каде досега од корона вирус заболеа 13,69 милиони граѓани.

Бројот на починати нарасна за 879 и сега изнесува 171.058.

Постои загриженост од понатамошно ширење на болеста со оглед на тоа дека стотици илјади верници се упатија на ритуално капење во реката Ганг.