„Џорџ Мајкл естејт“ ѝ се заблагодари на Тејлор Свифт за вклучувањето на „Father Figure“ во „The Life of a Showgirl“

„Џорџ Мајкл естејт“ ѝ се заблагодари на Тејлор Свифт за вметнувањето на хитот на англискиот музички продуцент од 1987 година „Father Figure“ во нејзиниот долгоочекуван 12-ти студиски албум „The Life of a Showgirl“.
„Бевме воодушевени кога Тејлор Свифт и нејзиниот тим ни се обратија претходно оваа година за вметнување на вметнување на класичната песна на Џорџ Мајкл „Father Figure“ во сосема нова песна со ист наслов што ќе се најде на нејзиниот претстоен албум“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на Џорџ Мајкл. „Кога ја слушнавме песната, немавме двоумење да се согласиме со оваа поврзаност помеѓу двајца големи уметници и знаеме дека Џорџ би се чувствувал исто. George Michael Entertainment ѝ посакува на Тејлор секаков успех со „The Life of a Showgirl“ и „Father Figure“.
Албумот што милиони го чекаа е објавен. Ѝ Скопје ќе го слушне во живо. Сè за The Life of a Showgirl
„Life of a Showgirl“, првпат промовиран во август, дебитираше на 3 октомври, а насловната песна е соработка со поп-сензација Сабрина Карпентер. Типично за музичкиот каталог на Свифт, албумот ќе биде достапен во повеќе варијанти, вклучувајќи го изданието „The Life of a Showgirl: Sweat and Vanilla Perfume“ во винил со светкава портокалова боја, како и изданието „The Life of a Showgirl: The Crowd Is Your King“ кое се продава ексклузивно во Target. Албумот ќе биде достапен и во ЦД и касетен формат.
За време на нејзиното интервју за „New Heights“, Свифт рече дека „The Life of a Showgirl“ бил инспириран од радоста што ја чувствувала додека настапувала на нејзината турнеја Eras.
„Овој албум е за тоа што се случувало зад сцената на мојот внатрешен живот за време на оваа турнеја, која била толку бујна, електрична и жива“, рече таа. „Тоа едноставно доаѓа од најзаразно радосното, најдиво, драматично место во кое бев во мојот живот, и затоа таа ефервезација се појави на овој албум.“(Варајати)