Илон Маск сака да го преземе Ливерпул


Илон Маск, најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата X, како и близок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наводно би можел да инвестира дел од своето богатство во еден од најголемите фудбалски клубови во светот.

Weekend Sport пред неколку дена објави дека „најголемиот ум на модерната ера“ би сакал да го преземе Ливерпул за 7,2 милијарди евра.

Дека оваа приказна не е „шуплива“ потврди и таткото на Илон Маск, Ерол, кој гостуваше во Радио Тајмс.

„Дали мојот син сака да го купи Ливерпул? Тоа не можам да го коментирам бидејќи тоа би можело да ја зголеми цената на клубот“, изјави Ерол Маск.

Сепак, водителот бил упорен и успеал да го убеди постариот Маск да се отвори дополнително.

„Точно е, Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека тој навистина ќе го направи тоа. Дали тој навистина го сака тоа? Тој сака, кој не би? И јас би сакал да го направам тоа“.

Потоа Ерол подетално ја објасни врската помеѓу семејството Маск и Ливерпул.

„Неговата баба, Кора Робинсон, е родена во тој град, а таму имаме роднини. Исто така, вреди да се спомене дека Битлси пораснаа со некои членови на моето семејство“.

Секако, сето ова сè уште не значи ништо, бидејќи Ливерпул има јасно дефинирана сопственичка структура, а доколку сегашните сопственици на клубот не се решат да го продаваат, Маск може да престане да сонува за тоа.