Илија Димовски го нарече Ванчо Михајлов конте, ликвидатор, шпион и гангстер


 

Иако важен дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ го смета Ванчо Михајлов за клучен лидер на историското ВМРО (а сегашната партија го смета неговото раководење како дел од нејзиното наследство), поранешниот пратеник Илија Димовски цитирајќи и една забелешка на ЦИА од 1953, фрла многу мрачно светло на оваа контроверзна фигура. ЦИА, осврнувајќи се на влијанието на Михајлов на организацијата МПО во Америка вели дека тој е „гангстер, терорист на кои не може да му веруваат ниту САД, ниту било кој друг, тој управува со и МПО единствено за лична употреба“.

Димовски пишува дека Ванчо Михајлов владеел со ВМРО со помош на атентаторски тројки, бил нарачател на убиства, водел акции на индивидуален терор и ликвидации и бил дел од мрежата на југословенските тајни служби.

Еве како го оценува Илија Димовски Ванчо Михајлов:

„Ванчо Михајлов не е револуционер, тој е конте.

Ги укинува четите на ВМРО, а владее со воведување на атентаторски тројки.

Не оди во планина, на терен, оди по скапи хотели низ Софија.

Не го проширува територијалното владеење на ВМРО, туку го користи она што го наследи од Тодор Александров.

Создава непомирливи и катаклизмични поделби и фракции во организацијата и недоверба кон револуционерното дело.

Не создава нови пријатели на организацијата, спротивно од Тодор Александров ја внесува во односите со ретроградните сили низ централна Европа.

Не создава однос со народот на основа на заедничка борба, туку се создава однос како да е државна власт.

Не создава соработници во македонското револуционерно дело, туку важи за нарачател на убиства на многу видови македонски дејци и револуционери: Протугеров, Јовков, Ковачев, Панчо Михајлов, Наум Томалевски… (подеднакво и од левицата и од десницата).

Речиси сигурно и убиството на Тодор Александров…

Не е човек кој се залага за самобитноста и автономната на македонското дело, туку го потчинува на туѓи интереси и цели.

Нема директен однос со народот на Македонија, туку постојано се шета со неколку десетици свои телохранители.

Не помага на народот, туку, покрај туѓите власти и тој собира данок.

Не води револуционерна борба како сите негови претходници, туку води акции на индивидуален терор и ликвидации.

Соработуваат со тајните услуги на Југославија.Тој и неговите најблиски кабинетски соработници, до неговата смрт, одржуваат редовни средби со југословенската тајна служба.

Не признава национална самобитност на македонскиот народ, туку го гледа како културолошки и географски дел на еден од соседите.

Не управува со ВМРО за револуционерни цели, туку како ‘гангстер, терорист на кои не може да му верува ниту САД, ниту било кој друг, тој управува со и МПО единствено за лична употреба’“ (извештај на ЦИА).