„Икеа“ купи речиси 11 хектари шума во Џорџија за да спречи уништување
Инвестициската група на шведскиот гигант за малопродажба Икеа купи земјиште под шума во југоисточна Џорџија за да ја заштити шумата од уништување и нејзиниот разновиден животински и растителен екосистем од истребување.
Групацијата Ингка, што е сопственик и управува со повеќето продавници на Икеа, купи 10.840 хектари земја во близина на сливот на реката Алтамаха, соопшти компанијата, јави Си-Ен-Ен.
– Ние навистина веруваме дека е можно одговорно управување со шумите и гледаме голем дел од нашата одговорност кон земјиштето што ги поседуваме – а со тоа и кон планетата – во пошумување и поголемо засадување отколку сеча“, изјави директорот на инвестициите на „Ингка Инвестментс“, Кристер Матсон за Си-Ен-Ен.
Земјиштето, купено од непрофитната организација Фонд за заштита, е дом на повеќе од 350 растителни и животински видови, вклучувајќи го и загрозениот долголисен бор и големата копнена желка, кои сега се заштитени.