И Вјоса Османи контра Курти, се замеша околу албанскиот јазик во Македонија


Koсовската претседателка Вјоса Османи вели дека секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на противење и единство на Албанците од цел Балкан.

Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во Македонија, „со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“. Таа порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во Северна Македонија „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.

Според неа, ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор.Таа истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сé за заштита на правата на Албанците.

Првиот вицепремиер Изет Меџити оцеи претходно дека косовскиот премиер Албин Курти ја кажал вистината за тоа дека во Македонија не постои закон за албански јазик, туку закон за употреба на јазиците. На ДУИ не им се допадна изјавата на Курти.