И вечерва протести низ Србија, демолирани простории на СНС во Нови Сад


Демонстранти ги демолираа просториите на Српската напредна странка во Нови Сад вечерва откако претходно организираа собир пред Безбедносната и информативна агенција (БИА) во градот.

Демонстрантите извикуваа слогани против српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС и фрлаа камења кон просториите каде вчера имаше големи инциденти откако приврзаници на таа партија фрлаа со пиротехника кон луѓето кои протестираа. .
Вечерва пред просториите на СНС немаше симпатизери и членови на таа партија ниту припадници на полицијата.

Центарот на Нови Сад и понатаму е блокиран за сообраќај. 

Во Белград припадници на жандармеријата стојат меѓу учесниците на протестот и простории на СНС лоцирани во центарот на градот.
И во Белград демонстрантите скандираат пароли против српскиот претседател Александар Вучиќ и полицијата. 

Стотици студенти и граѓани го блокираа сообраќајот помеѓу зградите на српската влада и поранешниот Генералштаб, како дел од протестот „Вечерва пукате по шевовите“.

Протести има и во над дваесетина градови низ Србија. Засега нема потврда од Кабинетот за инфомацијата  на српски медиуми дека српскиот претседател Александар Вучиќ околу полноќ ќе има вонредно обраќање до нацијата по неколкудневните протести.