И Стојанче е виновен за ширењето на пожарите, само ВМРО-ДПМНЕ не (ВИДЕО)
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, и натаму продолжува со опозицискиот пи-ар и иако неговата партија е на власт, сите се одговорни за неспособноста на државата да се справи со пожарите, освен ВМРО-ДПМНЕ. Она што е најинтересно е дека на удар се најде и нивниот коалициски партнер Стојанче Ангеловски кој, што е најизненадувачки, Стоилковски го обвини за фотељаштво, т.е. му порача дека со мобилен не се гаси пожар туку со излегување на терен, иако Ангелов токму по тоа стана популарен во јавноста.
Подолу е видеото во кое Стоилковски кажува кој нѐ довел во оваа состојба да ја молиме цела Европа да нѐ спасува од пожарите што пустошат во државата, пред сѐ обвинувајќи ги за тоа СДСМ, иако и тие беа десет години власт а кога дојдоа СДСМ по нив – најдоа тоа што и ВМРО-ДПМНЕ најде сега како состојба.
Како бе вака? Па нели се овие коалициони партнери? pic.twitter.com/tTNp1imJbM
— Цандо Македонски (@CandoMakedonski) July 15, 2024